Ве насанкавме, урбана герила: Апасиев за изборите ќе тужи на Управен
Објавено во: Македонија 20 Јули, 2020
Со хаштази на постот „ве насанкавме бе к...“ и „урбанагерила“, лидерот на Левица и иден пратеник Димитар Апасиев најавува тужби до Управен суд на одлуките на Државнат аизборна комисија која вчера ги одби приговорите на партијата. Според ДИК поголемиот дел од тие од Левица која пак поднесе најмногу приговори, се невалидни односно се без печат. Апасиев најавува филибастеринг ( право на некој неограничено да расправа за некој предлог/закон).
„ФИЛИБАСТЕРИНГ се прави без печат!“ (Прва јакобинска заповед)
p.s. Утре следуваат тужбите до Управен суд. Али, со печат, напиша Апасиев на фејсбук.
Подоцна тој му пиша и на Борис Кондарко, членот на ДИК кој изјави дека комисијата не е шалтер за изгубено најдено па партиите гласовите ги бараат таму.
Левица поднесе 1.982 приговори.