Веб-платформа: Овде може да се следи ширењето на корона вирусот
Објавено во: Свет 29 Јануари, 2020
Изработена веб-платформа овозможува преку интернет да се следи ширењето на корона вирусот низ светот, односно прикажува каде тој е концентриран и ги регистрира сите случаи на заболени и починати.
Во моментов 132 лица се водат како починати поради компликации од овој вирис. Во областа на Вухан во Кина има 3.554 заболени до сега, а починати се 125. Надвор од Кина, најголем број на инфицирани случаи се регистрирани во Тајланд, каде што има 14 заболени, а вон Азија според бројките, најмногу има во САД (5), Германија (4) и Франција (4).
Во моментов повеќе држави размислуваат да го затворат влезот за кинеските државјани.
Резултатите може да се следат на следната платформа: https://gisanddata.maps.arcgis.com/apps/opsdashboard/index.html?fbclid=IwAR08RoDZ9FreVOFF2xPqrEJOKygDuiMRlnSRu7UQJ4aKPoQYJ0Pm8vfXk3I#/bda7594740fd40299423467b48e9ecf6