27 Април, 2024
0.0264

Вечерва во Битола - Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ ќе ги затворат Илинденски денови

Објавено во: Мои пари 31 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Вечерва на Хераклеа од 20:30 часот со концертот на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ свечено ќе бидат затворени Илинденски денови, интернационален фестивал на народни песни и игри кој по 49-ти пат се одржува во Битола.

Во изминатите 4 фестивалски денови градот под Пелистер беше центар на светскиот фолклор. Над 1500 учесници од Италија, Белгија, Мексико, Индија, Израел, Русија и од нашата земја на официјалната фестивалска сцена, но и на многубројни локации низ градот го презентираат најдоброто од својот национален фолклор.

„Фестивалските денови изобилуваа со низа активности, изложби, фолклорни танци, на различни локации  со учество на држави од три континенти. Настанот го завршуваме со концерт на музичарите кои негуваат фолклорни елементи во нивната музика, Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ вечерва во Хераклеа. Ве покануваме да бидете наши гости и да уживате во концертот“ истакна Маја Андоновска Илијевски, директорка на Центарот за култура Битола.

Илинденски денови како фестивал претставува столб за чување на автентичната и народната култура на Балканот и во светот.

Во 2017 година, во Индонезија на еден од светските конгреси на CIOFF [ Council of International organizations of folklore festivals & folk arts ], Илинденски денови се сертифицира како CIOFF Festival, со што се приклучува во 100-те најреномирани фолклорни фестивали ширум светот. Фестивалот ги исплонува сите строги критериуми на оваа светска организација која е официјален пратнер на УНЕСКО, акредитирана од неговиот комитетот за чување и промовирање на традиционалната култура и фолклор кои се нематеријално светско културно наследство.

Фестивалот е финансиран од Собранието на Република Северна Македонија, Министерството за култура, Општина Битола и со донации од јавни и приватни компании.



Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“