27 Април, 2024
0.0295

ВЕРНИЦИ ВНИМАНИЕ: На полноќ почнува ГОЛЕМ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК!

Објавено во: Стил 27 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Македонската православна црква во петок на 28 август го одбележува големиот христијански православен празник Голема Богородица.

Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица — значаен христијански празник кај православните,католиците и протестантите, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување. Овој ден се празнува на 28 август по стариот календар, или 15 август по новиот календар.

bogorodica (1)

Со своите молитиви, благи совети , кроткост и трпеливост таа им помагала многу на апостолите на својот Син.

Воглавно цело време до смртта таа го поминала во Ерусалим посетувајќи ги чести оние места, кои ја потсетувале на големи настани и големи дела на синот Свој.

Посебно често го посетувала Голгота, Витлеем и гора Јелеонска.

Од нејзините долги патувања се споменува и нејзината посета на светиот Игнатиј Богоносец во Антиохиј, посета на светот Лазар четвородневен, епископот кипарски, посетата на Света Гора која таа ја благословила, и аранжманот во Ефес со свети Јован за време на големото гонење на христијаните во Ерусалим.Blagodatni-oganj-12

Во својата старост таа често му се молела на Господ и Бог свој на Јелеонската гора, на местото на неговото Вознесение, што порано да ја земе од овој свет. При една прилика и се јавил архангел Гаврил, и објавил, дека низ три дена ќе биде успокоена.

Со голема радост таа се вратила во својот дом посакувајќи, да уште еднаш во овој живот ги види сите Христови апостоли.

Господ и ја исполнил оваа желба, и сите апостоли, носени ангели и облаци, одеднаш се собрале во домот на Јован во Сион. Со голема радост таа ги видела сите апостоли, охрабрувајќи ги, советувајќи ги  тешејќи ги, потоа мирно му го предала својот дух на Бога без никаква мака и болесна тежина.

Апостолите го зеле ковчегот со нејзиното тело, од кој излегувал ароматичен мирис, и во придружба на многу христијани е пренесена во градината Гетсиманска во гробницата на светите Јоаким и Ана. Од злобните Евреи ги сокрил облак по Промисла на Бога.

Bogorodica-Tanjug-Aleksandar-Ciric

Некој свештеник еврејски, Атоније, го дофатил кофчегот во намера да го преврти, но во тој час ангелот Божји му ги отсекол двете реаце. Тогаш тој ги моли апостолите за помош, и бил исцелен бидејќи ја изјавил својата верба во Господ Исус Христос.

Апостол Тома изостануваше, пак по Божја промисла, за да така би се открила една нова и преславна тајна за Пресвета Богородица. Третиот ден стигнува и тој, и посакал да го целива телото на Пресвета Пречиста.

Но кога апостолите го отвориле гробот, телото не било таму. Таа вечер таа им се јавила на апостолите - со многу ангели опкружена им рекла -Радувајте се, јас ќе бидам со вас довек. Не се знае точно, колку години имала Богородица во времето на смртта, но преовладува мислење дека, имала повеќе од 60 години.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти