01 Мај, 2024
0.1603

Весковски го демантира Стоилковски: Во изминативе четири години ниту еднаш лично не сум искористил средства од ЈП „Водовод и канализација“ за кафе и кафеани

Објавено во: Македонија 10 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Душко Весковски, директорот на ЈП „Водовод и канализација“ ги демантира обвинувањата кои на негова адреса ги упатија од ВМРО-ДПМНЕ. 

Тој категорично ги демантира изнесените невистини и обвинувања од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на денешната прес - конференција.  

„Би сакал да ве информирам дека: Во изминативе четири години ниту еднаш лично не сум искористил средства од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје за кафе, кафеани и ресторански услуги. Само за споредба во 2016 година кога на чело на претпријатието е кадар на ВМРО-ДПМНЕ за спонзорства и донации се потрошени 19,170,983 денари, а во 2021 година се потрошени 2,235,170 денари, средства кои се искористени за потребите на синдикатот на претпријатието со што се изврши реновирање на одмаралиштето во Претор кое го користат вработените на ЈП „Водовод и канализација“– Скопје. Никогаш во изминативе четири години не сум користел службен мобилен апарат и не се трошени средства на претпријатието за набавка на скапи мобилни телефони. Согласно извештајот за работењето на претпријатието за период од 01.01.2021 заклучно со 31.09.2021 година ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје има остварено добивка во висина од 59,033,858 денари. Како во изминативе три години така и оваа година извршена е ревизија за работата на претпријатието од страна на независна надворешна ревизорска куќа која нема забелешки за работата на претпријатието“, вели Весковски. 

Тој додава дека ваквите паушални и манипулативни толкувања на извештајот за работата на претпријатието од советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и портпаролот Наум Стоилковски се дадени како резулат на внатрепартиската пресметка за избор на директор на ова јавно претпријатие.

„Во ниту еден случај нема да дозволам најтранспарентното јавно претпријатие во државата и јас лично да бидеме предмет на дневно политичката кампања на ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Весковски. 

Инаку, Стоилковски претходно обвини дека Весковски од парите на ЈП „Водовод и канализација“ со кое што директорува за кафе и кафеани за девет месеци има потрошено 1.323.419 денари, а ваа година речиси 22 илјади евра. Тој рече дека за кафе и кафеани Весковски има потрошено 17 илјади евра, додека нема инвестиции и нема наплата во претпријатијето. 

Можеби ќе ве интересира

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски