18 Мај, 2024
0.0305

Весковски: Затворам едно успешно поглавје во мојата професионална кариера на која сум исклучително горд

Објавено во: Македонија 27 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Директорот на ЈП„Водовод и канализација“ Душко Весковски на Фејсбук објави дека повеќе нема да биде на оваа функција. 

„Ми претставуваше чест и задоволство што во изминативе четири години бев на чело на ЈП „Водовод и канализација“ –Скопје. Би сакал да ве известам дека денеска затворам едно успешно поглавје во мојата професионална кариера на која сум исклучително горд. ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје во изминативе четири години стана препознатливо по голем број на проекти и активности кои поставија нови стандарди и вредности во функционирањето на јавните претпријатија во градот Скопје. Започнавме со реализација на најголемиот еколошки капитален проект во државата, а тоа е изградба на станицата за пречистување на отпадни води за градот Скопје. Ја обновивме механизацијата со најсовремени возила за извршување на работните задачи во претпријатието. Го дигитализиравме претпријатието и во време на здравствена пандемија со Ковид 19 успеавме да го приближиме и олесниме начинот на комуникација со нашите корисници. Инвестиравме многу во нашата лабораторија која е единствена во државата што врши различен вид на испитувања поврзани со квалитетот на водата. Ние сме прво јавно претпријатие кое користи биоразградлива хартија за внатрешна и надворешна употреба, а истовремено и доставува сметки печатени на ваков тип на хартија. Изминативе години и покрај сите предизвици како здравствени така и економски, успеавме да постигнеме позитивни финансиски резултати, а воедно сме и најтранспарентното претпријатие“, пишува тој. 

Се надева дека ваквото работење ќе породолжи, а на граѓаните и посакува среќни празници. 
фото Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување