27 Април, 2024
0.2014

Ви благодариме што гласно го изговоривте зборот „менструација“ и придонесовте за општество без табуа и отворен разговор за менструацијата

Објавено во: Мои пари 11 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Изминативе денови сведоци бевме на жестоки полемики околу менување на зборот „менструација“ во „фемструација“, како и негова транскрипција во „женструација“ на македонски јазик поради искоренување на префиксот „мен“ („маж“) во зборот.

Но, зборот „менструација“ сепак си останува онаков каков што е, а нам ни е драго што изминатата недела жестоко полемизиравте, „гуглавте“ и заземавте свој став околу наводната промена. Токму тоа и беше целта на овој социјален експеримент кој е дел од кампањата

на најновиот женски бренд на македонскиот пазар, Fixie Period Panties.

Fixie Period Panties се гаќи со дупло дно на кое совршено се вметнуваат крилцата на влошката и истите нудат удобност, комфорт, слобода во движењето и дополнителна заштита во деновите кога имаме менструација. 

Но, Fixie Period Panties е повеќе од обичен производ – Fixie Period Panties е бренд чијашто мисија е многу поголема и повикува отворено да зборуваме за репродуктивното здравје и да ги скршиме табуата за менструацијата во Македонија!

Зошто? Во ера каде што сè повеќе се слуша и зборува за моќта и еднаквоста на жените, сè уште постојат одредени табу теми за кои се зборува (или воопшто не се зборува) зад затворени врати. Повеќето од нас, дури и жените, не сакаат или пак се срамат да зборуваат за менструација. Жените ги кријат влошките и тампоните во ракавите додека одат накај тоалетот, шепотат кога бараат влошка на заем, ги кријат влошките помеѓу другите производи на каса во маркетот, за менструацијата дури често зборуваат и во шифри, како „оние денови“ или „дојде тетка ми“.

Поентата на проектот беше токму тоа: да се поттикне дискусија за менструацијата и да не се срамиме од нешто што е совршено нормален процес и во биолошката природа на жените.

На крајот, Fixie Period Pantiesви благодари што минатата недела јавно и гласно го кажавте и напишавте зборот „менструација“, независно дали вашиот став беше „за“ или „против“.J

Особена благодарност до медиумите за нивното вклучување и поддршка, како и до сите оние кои на било кој начин беа вклучени во нашиот проект.

Продолжете со иста енергија да се борите и за искоренување на табуата и отворен разговор за МЕНСТРУАЦИЈАТА.

Ваши, Fixie Period Panties.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“