06 Мај, 2024
0.0262

Вицепремиерот Анѓушев: ЕЛЕМ постапува спротивно од насоките на Владата

Објавено во: Македонија 19 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев го реафирмира ставот на Владата во однос на објавените јавни повици од страна на АД ЕЛЕМ, со вкупна проценета вредност од 80 милиони евра.

Вицепремиерот Анѓушев потсетува дека Владата го повика раководството на АД ЕЛЕМ, веднаш да го стопира објавувањето на јавните повици, се со цел да се избегне штета на буџетот на компанијата, како и на Република Македонија, во чија целосна сопственост е АД ЕЛЕМ.

Наспроти укажувањето од Владата, раководството на АД ЕЛЕМ, најпрвин во петокот, на 15 јуни, објави јавен повик за набавка на рударска опрема за РЕК Битола во вредност од 34 милиони евра, за да денес го објави и јавниот повик за изградба на топлификација на Битола, Новаци, Логоварди и Могила во вредност од 46 милиони евра.

„Раководството на ЕЛЕМ имаше 11 години да ги реализира овие проекти, а особено проектот за топлификација на Битола, кој им е ветуван на граѓаните пред секој изборен циклус, но за жал не покажа интерес и желба тоа да се случи. Чинот на објавување на овие јавни повици и покрај повикот од Владата до управата на АД ЕЛЕМ, да бидат стопирани, го оценувам како крајно непрофесионален. Развојните проекти на секоја компанија во државна сопственост мора да бидат разгледани и одобрени од страна на Владата, во соодветна постапка и процедура“, реагира вицепремиерот Анѓушев.

За проектот за топлификација на битолскиот регион, најголем дел од планираните финансиски средства, односно околу 39 милиони се од странски кредитор, односно од германската КфВ банка.

„Со оглед на тоа дека станува збор за задолжување, без разлика дали ЕЛЕМ се задолжува, тоа е задолжување кое го прави Република Македонија и токму заради тоа процесот мора да биде стопиран, да се иницира нова постапка и да помине низ соодветна процедура. Не би сакале ниту компанијата, ниту земјата, а најмалку граѓаните да претрпат штети заради неодговорност на менаџментот на ЕЛЕМ“, истакна вицепремиерот.

Вицепремиерот нагласи дека одредена штета е веќе направена со објавувањето на јавните повици, но крајно време е управниот одбор на компанијата да донесе одлука за мораториум на проектите, со цел да не се направи поголема штета и да не се загрози имиџот на Република Македонија и во меѓународни рамки.

Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта