Видео: Аматер метеоролог со аутизам го предвиде земјотресот во Нов Зеланд
Објавено во: Свет 14 Ноември, 2016
Френки Мекдоналд од Канада кој често објавува „шокантни“ временски прогнози на YouTube среќно или не успеа да го предвиде земјотресот во Нов Зеланд со јачина од 7.8 степени кој однесе два живота.
Сите кои го следат Френки кој инаку е аутистичен сметаат дека тој иако не е професионалец има неверојатна способност да предвидува елементарни непогоди и е познат по фразата „Бидете подготвени“, но ретко кој го сфаќа сериозно.
Во предупредувачкото видео кое е објавено на 21 октомври Френки прецизно посочува дека во 2011-та во Нов Зеланд имало силен земјотрес кој ќе се случи повторно бидејќи земјата лежи на опасно подрачје и погоди дека епицентарот ќе има последици во Велингтон и Кристчрч, но промаши за областите Оукленд и Гисборн кои не претрпеа никакви штети.
Мекдоналд не го прави ова за да стекне популарност преку ноќ, тој веќе доби признание од канадската влада која го прогласи за метеоролошки феномен.