(ВИДЕО) АМЕРИКАНЦИ ГО УНИШТУВААТ ОРУЖЈЕТО: Видеа се шират на Фејсбук
Објавено во: Свет 20 Февруари, 2018
Американците почнаа кампања за уништување на пушки, откако момче направи масакр во училиште на Флорида.
Граѓаните на САД објавуваат и видеа од уништувањето на оружјето.
Кампањата се спроведува со хаштагот #One Less (една помалку) и доби одобрување од американската јавност. Еден од оние што ги уништија сопствените АР-15 пушки е Скот Дени Папајардо, кој снимката од уништувањето ја објави на својот Фејсбук профил.
Тој објаснува дека е „цврст верник што се однесува до поседувањето оружје, но и дека цивилите не би смееле со оружје да одземаат туѓи животи“. Рече дека неговото оружје никогаш никого нема да убие. Видеото стана хит – го погледнаа над 16 милиони луѓе и го споделија над 300.000 корисници на Фејсбук.
Неговиот потег наиде на одобрување од јавноста, а меѓу оние што го пофалија е и актерката Џулиен Мур. Таа на Твитер напиша: „Ве молам погледнете го овој елоквентен сопственик на оружје како објаснува зошто го уништува. Ти благодарам Скот Папајардо за овој пример“.