(ВИДЕО) Апасиев: Го чекавме возот од кога бевме забавачиња и првачиња, и што ни направивте? Само капитулации!
Објавено во: Македонија 25 Јули, 2023
Удавете се во септичката јама која самите ја ископавте, но уставни измени нема да има, вели претседателот на Левица, Димитар Апасиев денеска во Собранието.
Тој вели дека власта сака да го научи народот на пораз. Вели дека со францускиот предлог изгубивме 17 наспроти 2. Како што објасни, врз македодонската власт се применува „салама тактика“. Aпасиев вели дека Бугарија уште 35 пати има шанси да ни стави вето и ќе ни стави.
„Вие сте недоветни да водите дипломатија и треба да си го прифатите тоа“, рече Апасиев.
Вели дека ќе се вадат нови бугарски пасоши и Бугарите ќе добијат права. Рече дека Бугарите ќе бараат клубови, настава на бугарски јазик, тв програма на бугарски, квоти за вработување на Бугари. Апасиев рече дека ние сме како енклава, блиску сме до ЕУ, ама не сме во ЕУ.
„Го чекавме возот од кога бевме забавачиња и првачиња, и што ни направите? Само капитулации!“, рече Апасиев.
Тој праша дали власта има кичма и достоинство.