(ВИДЕО) АПОКАЛИПСА ВО АВСТРАЛИЈА: Илјадници луѓе избегаа од домовите поради циклонот кој дува 300 на час
Објавено во: Свет 27 Март, 2017
Илјадници Австралијанци се евакуирани денес, пред зори поради многу силен циклон кој го погодил Квисленд, и кој достигнал сила од 300 км/ч.
Премиерката на државата Квинследн Анастасија Палашук изјавила дека се евакуирани околу 3500 жители, додека претставници советувале уште 2000 граѓани да се еваукираат, додавајќи дека евакуацијата е потешка кога се влоши времето.
Поради бурата се затворени пристаништа, рудници, аердромот во Таунсвил, додека се откажани сите летови во понеделник и вторник.
Hang in there little guy #CycloneDebbie @Ch7Queensland pic.twitter.com/1S4AwQnOoT
— Alexis Kolsky (@AlexisKolsky) March 27, 2017
Циклонот Деби е класифициран како ураган од четврта категорија, додека циклоните од петтата категорија се сметаат за најсилни.