(ВИДЕО) Авион со 164 патници излетал од писта во Сочи па се запалил: Повредените ќе летнеле во река
Објавено во: Свет 01 Септември, 2018
Најмалку 18 луѓе се повредени кога авион се излизгал од пистата и делумно се запалил на аердромот во Сочи, соопшти руското министерство за здравје.
Боинг 737 со 164 патници и шест членови на екипажот летал од Москва за Сочи кога дошло до инцидентот.
В Сочи, при посадке загорелся Боинг 737, летевший из Москвы.
— Breaking Mash (@BreakingMash) September 1, 2018
Самолёт выкатился за пределы ВПП и врезался в ограждение. Возможно, пожар начался из-за молнии, попавшей в двигатель. pic.twitter.com/4sm6MX9xkp
Меѓу повредените има и три деца.
Авионот излетал од пистата, ја пробил заштитната ограда и завршил на брегот на блиската река. По тоа се запалиле тркалото и крилото на авионот, но и левиот мотор.