(ВИДЕО) АВИОНСКА НЕСРЕЌА ЈА ПОТРЕСЕ СРБИЈА: Се урна авион на војската
Објавено во: Балкан 11 Април, 2018
Авион на српската војска се урна денеска кај Ковачица, а според пишувањата на српските медиуми едниот пилот загинал, а другиот е во критична состојба.
Несреќата се случила во 9:30 часот, а двајцата пилоти се обиделе да се спасат со катапултирање.
Српското министерство за одбрана објави официјално соопштение.
Претходната воздухопловна несреќа на српската војска се случи пред една година, на 7 април 2017, кога во уривање на авион Г-4 загинаа двајцата пилоти.