Видео: АВМУ го замолкна Миленко Неделковски
Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2016
Водителот Миленко Неделковски своето политичко шоу на Канал 5 телевизија го помина во 20 минутно молчење како одговор на притисоците кои ги вршела Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, особено на нејзиниот директор Зоран Трајчевски кој го обвинија за пристрасно работење. Молчењето на Миленко многумина на социјалните мрежи подбивно го оценуваат како досега неговата најдобра емисија.