(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈА ВО ПЕКОЛ НА ОГНЕНА СТИХИЈА: 73 пожари беснеат во оваа област
Објавено во: Свет 18 Август, 2018
Силни ветрови интензивирале пожари ширум австралиската држава Нов јужен Велс, а Пожарникарната служба го кренала на високо нивото на опасност за три од вкупно 73 пожари.
На жителите на Табулама, град на североистокот од Нов јужен Велс, оддалечен околу 780 км од Сиднеј, им е речено да побараат засолниште во цврсти структури бидејќи е премногу опасно да се обидат да избегаат од пожарите.
Жителите на Порт Стивенс, на околу 180 километри северно од Сиднеј, се предупредени да ги напуштат домовите веднаш доколку тоа го планирале.
Во гаснењето на пожарите учествуваат скоро 800 пожарникари, а Метеоролошката служба предупредила на многу топло, суво време ширум Австралија во наредните три месеци.