(ВИДЕО) Беширова од Енекод: Трите банки имаат свој фаворит за ФЕНИ
Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2017
Фени е во стечај. Судот во Велес го прифати барањето на Стопанска, Комерцијална и Силк роуд банка, да се отвори стечајна постапка, бидејќи фабриката подолг период има финансиски проблеми. Од друга страна, понудата на бугарски Енекод од 65 милиони евра, од кои 29 за банките, која на денешното рочиште беше прочитана, судот ја одби. Банките реагираа, оти била несериозна и без никакви гаранции.
„Од Енекод не се изненадени од одлуката на судот за стечај. Велат дека банките постојано им ги одбивале понудите, колкави тие и да биле.“
„Ние да им предложиме седум, тие ќе кажат - не. Тоа сме го направиле. После предлагаме 11, пак не. Потоа предлагаме да им го откупиме целиот долг да го намалиме долгот на 50%, затоа што така се прави, затоа што Фени доволно платил претходната годинаТоа се обезбедени кредитори. Тие се повеќе обезбедени отколку што треба.“ - вели Нели Беширова – сопственик на „Енекод“, пренесува 24 ТВ.