(ВИДЕО) БОРБИТЕ КАЈ ТРИПОЛИ СЕ ПОЖЕСТОКИ: Илјадници бегаат од војната, а многумина останаа заробени
Објавено во: Свет 08 Април, 2019
Најмалку 2200 луѓе избегале од борбите кои се водат во јужниот дел на либиската престолнина Триполи од 4 април, соопшти хуманитарната канцеларија на Обединетите нации во денешниот објавен извештај.
Во него се наведува дека многу цивили и понатаму се заробени и отселени од службите кои би им пружиле итна помош.
-Се поголемо распоредување на трупите би можело потенцијално да резултира со значајно раселување на населението-пишува во извештајот.
Во него стои дека агенциите на терен имаат итни медицински залихи за три месеци за третман на 210 000 лица и 900 повредени.
САД повикаа на итно запирање на воените дејства во Либија додека истовремено Либиската национална армија предводена од Калиф Хафтар напредува кон Триполи.
Либија е транзитна точка на стотици илјади мигранти кои ја преминуваат Сахара во надеж дека ќе дојдат до Средоземното море и Европа.