(ВИДЕО) ЧУДО ВО ИТАЛИЈА: Спасено бебе од 7 месеци од под урнатините
Објавено во: Свет 22 Август, 2017
Бебе на возраст од 7 месеци е извадено од под урнатините на една куќа која се урна во земјотресот на островот Искија во Италија.
Седум часа по земјотресот бебето е извадено, а пожарникарите вложуваат напори да ги извадат и двајцата браќа на детето.
Во земјотресот загина една стара жена која била во црква, а повредени се 39 луѓе.