(ВИДЕО) ЦРНИ ПРОГНОЗИ НА ПОЗНАТ ЕКОНОМИСТ ЗА 2019: ЕУ ќе се урне, а овие земји се нова Грција!
Објавено во: Свет 07 Јануари, 2019
Европската унија ќе се урне одвнатре оваа година, тврди Мич Фајерштајн, инвеститор и економски аналитичар, и вели дека светот ќе се изненади од тоа која земја ќе стане „нова Грција“ .
Оваа година ќе биде жестока за Европската унија не само поради Брегзит, туку затоа што и други членки ќе го „фрлат“ тој блок на колена, изјавил Фајерштајн за емисијата „Keiser Report“ на Раша Тв. Националните протести во Франција, тврди тој, се само показател на она што ги чека.
„Ќе видите глобални немири. Ќе видите што ќе биде во Италија кога Европската унија ќе се обиде да им ги наметне“, рекол тој британско-американски инвеститор додека зборувал за „драконските мерки на штедење“.
Меѓутоа, не е само Италија во опасност да појде по патот на до гуша задолжената Грција, туку и Франција а тоа укажува на многу низок рејтинг на тамошниот претседател Емануел Макрон, висока невработеност и огромни социјални нееднаквости.
-Италија има 4 билони долг и вели дека нема да го отплати ... Во Франција е слично, но таму имаат граѓански протести и народ кој го пали Париз. Некој тука ќе мора да си оди“ - проценува Фајерштајн.