(ВИДЕО) ДЕЦА МОНСТРУМИ ГО ШОКИРАА СВЕТОТ: Ја врзале болната другарка на дрво за да ја обесат
Објавено во: Свет 03 Септември, 2018
Малата Амбер Јун е жртва на врсничко насилство во Австралија.
Група деца во петокот зеле јаже за прескокнување, го намотале околу вратот на девојчето, а потоа ја заврзале за гранка на дрво во училишниот двор. Вработени во училиштето го нашле девојчето и повикале брза помош.
Мајката Белинда вели дека Амбер е родена со срцева маана, а врсниците често ја вознемирувале.
„Можеше да биде и мртва. Ова не е прв пат другите деца да ја злоставуваат. Таа помина толку лошо во животот, нешто што другите деца, фала му на Бога, никогаш нема да мораат“- раскажува Белинда.
Лекарите едвај го спасиле девојчето, а нејзината состојба и понатаму е сериозна.
Девојчето вели било страшно и мислела дека ќе умре. Медиумите пренесуваат дека за овој инцидент ниту едно дете не е казнето.