(ВИДЕО) Додека новинарка се јавуваше во живо, зад неа беше урната зграда од 14 ката

Објавено во: Свет 15 Мај, 2021
Хамас повторно го ракетираше Тел Авив. Израел возврати на ударот.
Во новите воздушни напади врз Газа, Израел демолираше шесткатна станбена зграда во Газа за која се тврди дека му припаѓа на Хамас.
Најмалку 83 лица се убиени во Појасот Газа од понеделникот.
Јомна Ал Сајед, новинарка на Al Jazeera, известуваше во живо од покривот во Појасот Газа кога во израелски воздушен напад беше срамнета со земја зграда од 14 ката наспроти неа.
Неколку моменти пред нападот, новинарката рече дека штотуку биле истрелани неколку ракетни предупредувања и дека сега треба да започне уривањето на целата кула Ал-Шарук.
„Оваа зграда има 14 ката, таа е една од најголемите и најстарите згради во Појасот Газа и во неа главно се сместени канцеларии на медиуми“, додаде таа.
Додека Сајед ја изговараше следната реченица, проектилите ја погодија зградата.
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска нагласи дека не планира да попушти во нападите против Хамас во Газа, по силното бомбардирање насочено кон исламистите во палестинската енклава. Американскиот претседател Џо Бајден, по телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, изрази разбирање за реакцијата на Израел по ракетните напади од Хамас.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Страотните поплави во Австрија однесоа и жртва

Нема да победиш во војната против Украина, порака од европски политичар до Путин

Воспитувачка не можела да поднесе плачење на дете и го отрула со средство за чистење на одводи

БЕЛОРУСИЈА МОЖЕБИ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НАПАД НА УКРАИНА - има многу лудо оправдување за тоа

Захарова вели дека Бугарија протерува руски дипломати по наредба на надворешни сили

Зеленски: Сакавте да убиете што повеќе луѓе, украинскиот претседател за нападот на трговскиот центар
