(ВИДЕО) ДРАМА ВО ЊУЈОРК: Хеликоптер паднал во реката Хадсон откако пилотот го промашил хелиодромот
Објавено во: Свет 16 Мај, 2019
Недалеку
од прометниот хелиодром на Менхетен во Њујорк во
реката Хадсон минатата
ноќ се урна хеликоптер. Пилотот без сериозни повреди успеал да стигне од делумно
потонатата машина до копното.
Претставници од хелиодромот по несреќата изјавиле дека во хеликоптерот немало други патници освен пилотот, пренесуваат медиумите од регионот.
Видео од моментот на уривање на хеликоптерот било снимено од мобилен телефон, а снимката ја објавила телевизијата WCBS. На видеото се гледа како хеликоптерот паѓа во водата.