(ВИДЕО) ДРЖАВЕН УДАР ИЛИ НЕ: Тепачка изби во боливискиот Парламент
Објавено во: Свет 10 Јуни, 2021
Teпачка имаше во Парламентот во Боливија.
Жанин Агнес е уапсена претходниот ден во главниот град Ла Паз, под обвинение за вршење на државен удар и соборување на претседателот Ево Моралес. Се појави конфликт меѓу член на владејачката Социјалистичка партија и опозициски пратеник по дебатата дали владата на привремената претседателка Жанин Агнес направила државен удар или не. Се вмешаа уште двајца пратеници, по што настана хаос.
Претходно, тепачки имало во Парламентите во Турција, Косово, Чешка, Уганда и други земји.