06 Мај, 2024
0.0225

(ВИДЕО) ЕДЕН НА ЕДЕН: Ќе се смеете два дена од приказните на Гоце, Ванчо и Чоре

Објавено во: Стил 13 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Во саботата имавте прилика да го погледнете новото издание на најгледаното ток-шоу во земјава - „Еден на Еден“.

Овој пат гости на Жаре му беа едни од најпознатите македонски актери со кои израснаа повеќе генерации, легендарните Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски и Благоја Чоревски.

Раскажаа за нивните многубројни анегдоти, за театарските претстави, за македонските народни приказни, за тоа како Ванчо морал да јаде стаклена чаша, Гоце раскажа како бил жртва на многу театарски местенки, а Чоре откри во какви фамилијарни односи е со Игор Џамбазов. 

Плус, во студиото Жаре го угости и волкот Тара од Брвеница!

За сите кои ја пропуштивте саботната емисија, истата е веќе објавена на Јутјуб.