(ВИДЕО) ЕДИ РАМА ЗА МАЛКУ ЌЕ „ИЗЕДЕШЕ“ ЧЕВЛА ПО ГЛАВА: Го спаси чадор!
Објавено во: Балкан 18 Декември, 2017
Пратеничката на Движењето на социјалистите за интеграции, Моника Кријемади го гаѓала премиерот на Албанија Еди Рама во парламентот каде се водела бурна расправа за именување на новиот јавен обвинител.
Премиерот на Албанија бил заштитен со чадор. Опозицијата претходно фрли и солзавец непосредно кон Рама.
Исто така опозициските пратеници со хартии го гаѓале и претседателот на парламентот Илјир Мета.
Опозицијата тврди дека изборите се нелегални и бара формирање на специјални комисии кои ќе изберат државен обвинител.