(ВИДЕО) Екипа на „Ал Џезира“ е нападната на протестот на ВМРО-ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 09 Септември, 2020
Напад на новинарска екипа се случи на протестот кој попладнево се одржа поради поскапувањето на струјата.
Новинарката од „Ал Џезира“, Милка Смилеска, објави дека за време на протестот на ВМРО-ДПМНЕ, таа и нејзиниот колега-снимател биле нападнати.
„Дечкото од првото видео што го пријавив на полицаецот, не нападна мене и колегата Јорде и ми го бутна микрофонот додека снимав изјава. Претходно ме праша дали сум од ‘Ал Џезира’ и тоа беше повод за нападот. Полицијата го приведе и ќе му поднесе пријава. Јас нема да го тужам. На второто видео се слуша кога микрофонот паѓа. Кога го приведе, полицаецот, не сакаше да се легитимира“, пишува новинарката.
Posted by Smilevska Milka on Среда, 09 септември 2020
Таа пишува дека нема потреба од агресија, а борбата треба да е со аргументи и дела.
Posted by Smilevska Milka on Среда, 09 септември 2020