ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН: Верниците купуваат јајца за празникот
Објавено во: Македонија 30 Април, 2024
На пазарите има гужви и граѓаните веќе купуваат јајца за големиот христијански празник Велигден кој ќе го прославиме за неколку дена.
Трговците велат дека луѓето обично купуваат по две табли јајца за Велигден. Цените за табла се од 180 денари па нагоре. Домаќинките сега купуваат јајца, со цел истите да отстојат некој ден, да ги вапцаат и потоа убаво да се лупат.
„Прво што прашуваат е дали се тазе. За вапцање во црвена боја земаат жолти јајца, за друга нијанса бараат бели. Купуваат и бели и жолти јајца. За да се лупат јајцата убаво на празникот, потребно е да ги земат неколку дена порано. Обично купуваат по две табли, односно 60 јајца. По желба, некој бара поситни, некој покрупни јајца. Се обезбедуваат навреме, но сега помладите гледаме дека и оставаат за последен ден за да си купат“, објаснува Лидија Димковска, трговец.
Многу домаќинки во четврток ќе ги вапцаат првите јајца во црвена боја пред зори како што прават традиционално со години.
„Земаат по една или две табли, а многу ретко некој да земе три табли. Чекаат да земат плата и да си купат што им треба за празникот“, рече Берат Фетаи, трговец.
Домаќинките велат дека применуваат повеќе совети кои ги добиле од постарите со цел да имаат поубави велигденски јајца.
„Ги бојам јајцата и во лушпи од кромид. Додека се варат ставам и оцет, две лажици во тенџерето со цел поубаво да фати бојата и полесно да се лупат. По вапцањето ги премачкувам со масло за јадење со цел поубаво да изгледаат. Инаку, јајцата за вапцање добро е да се постари, да не се тазе, односно може да стоеле претходно 5 до 10 дена“, вели Фиданка Антиќ, домаќинка.
Имено, јајцата отсекогаш биле симбол на раѓање и победа над смртта. На празникот верниците одат на гости и подаруваат јајца, но и добиваат украсени јајца. Но, не се само јајцата. За празникот верниците обично готват ручек со месо. Ако лани килограм јагнешко чинел 500 денари, годинава тоа чини повеќе од 550. На дел од пазарите веќе има повисоки цени на овошјето и зеленчукот во пресрет на празникот.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.