(ВИДЕО) ЕКСПЛОЗИЈА НА ГАС ВО РУСИЈА: Зградата пукна на пола, има и мртви
Објавено во: Свет 16 Мај, 2017
Седум лица се ранети, а две загинаа при силна експлозија на гас во четирикатна станбена заграда во Волгоград, на југозападот на Русија.
Во експлозијата 16 станови се уништени, објави „Риа Новости“. Еден од влезовите на зградата е целосно уништен.
Несреќата се случила на третиот кат за време на редовните работи за одржување на гасните инсталации. Во моменотот на ексползијата на катот имало 14 лица.
Не е исклучено под урнатините да има уште луѓе. Експлозијата била толку силна што прозорците на соседните згради се искршени.