26 Април, 2024
0.0424

(ВИДЕО) ЕУ РЕАГИРА: Израел урива палестински домови во Ерусалим

Објавено во: Свет 22 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Властите во Израел итно да го стопираат уривањето на палестинските домови кое започна изутринава во источен Ерусалим, повикаа од Европската Унија. 

Тие потсетуваат дека политиката на населување на Израел е нелегална според меѓународното право, и во согласност со долгогодишната позиција на ЕУ очекуваат израелските власти веднаш да ги стопираат уривањата кои се во тек. 

Израелските власти утрово со булдожери урнаа десет палестински згради во кои се наоѓаат околу седумдесет станови во источен Ерусалим, односно во Зоните А и Б од Западниот Брег кои се под контрола на палестинските власти.

„Продолжувањето на оваа политика ја поткопува одржливоста на решението со две држави и перспективата за траен мир и сериозно ја става во опасност можноста Ерусалим да биде идна престолнина на две држави“, стои во реакцијата на ЕУ.

Акцијата се спроведува откако израелскиот Врховен суд минатиот месец пресуди дека тие згради ја кршат забраната за градба во регионот. Рокот на жителите да ги напуштат домовите истече во петокот.

Денешните уривања се дел од долгиот спор околу иднината на Ерусалим, кој е дом за повеќе од 500.000 Израелци и 300.000 Палестинци, но и свет град на јудаизмот, исламот и христијанството.


Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни