(ВИДЕО-ФОТО) ЕКСПЛОЗИЈА ОД БЕС НА УЛИЦИТЕ ВО ПАРИЗ: Гореше градот на светлината, приведени илјадници „жолти елеци“
Објавено во: Свет 09 Декември, 2018
Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастане рекол дека 135 лица се поредени во протестите во Париз, вклучувајќи 17 полицајци.
Министерот додал дека биле применети исклучителни мерки за безбедност и дека скоро 1000 луѓе се притворени.
Кастане наведува дека се проценува оти имало околу 10 000 „Жолти елеци“ во Париз а во цела Франција биле околу 125 000 демонстранти.
Тој исто така најавил дека големо присуство на полицијата и денес ќе продолжи ако биде потребно.
Демонстрантите во текот на автивладините протести демолираа излози на продавници, палеа оган ширум Париз, а во повеќе наврати се судрија со полицијата која во текот на денот фрли солзавец.
Foto: Reuters/EPA