(ВИДЕО-ФОТО) МИНУС 71: Во ова место ќе ви замрзне крвта во вените ! Буквално!
Објавено во: Стил 23 Декември, 2014 16:30
Во централниот дел на Сибир се наоѓа селото Ојмјакон кое се смета за најладното населено место на светот. Најниската температура е забележана во 1933 година, кога се измерени -67,7 степени.
Во ова село живеат околу 500 луѓе и за многумина е вистинска мистерија како тие преживуваат на вакви екстремни услови. За да се дојде до Ојмјакон, потребно е да возите два дена од Јакустка.
Ни во овој, главен град на Република Јакутија, ништо не е подобро. Во него живеат околу 300.000 луѓе, а просечната зимска температура е -34 степени.
Жителите на Ојмјакон имаат проблеми како никој друг на овој свет. Да речеме, поради замрзнатата земја имаат многу малку внатрешни водоводни инсталации, возилата мора да им бидат исклучиво во загреани гаражи. Во спротивно, моторот толку би замрзнал што не би било можно автомобилот да се покрене.
Главна храна во ова место е месо, бидејќи немаат можност да одгледуваат овошје и зеленчук. На фоторепортерите ова место им е интересно за нивните проекти, но се среќаваат со големи проблеми.
Имено, од студеното објективот на фотоапаратот за секунда станува неподвижен.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:








