18 Мај, 2024
0.0260

(ВИДЕО-ФОТО) Најубавите украсени елки ширум светот!

Објавено во: Стил 25 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Некои од најпознатите светски хотели ширум светот го декорирале ентериерот на најубавиот можен начин, а секоја празнична елка ги трансформирала просториите во магична земја на чудата.

elka 2

„New York Palace“ хотелот со гордост претставува неколку свои празнични елки кои се опкружени и декорирани со над 68 000 сијалички и 32 000 украси. Додека јавниот простор на овој хотел е облечен во својот празничен аутфит, најблескава е елката која е сместена во Гранд дворот на овој хотел.

elka3

Елката во  „Claridge's“ хотелот е дело на „ Dolce & Gabbana“ брендот и е декорирана со над 9000 свтилки и 300 рачно направени украсни кугли од Италија.

elka4

„Four Seasons George V“  хотелот во Париз празниците ги одбележува со прекрасно декориран ентериер и црвен амбиент во фоајето на хотелот. Оваа скулптура на празнични елки во комбинација со две мечки е направена од црвено стакло, секако донесувајќи ни ја магијата на праниците.

elka4

Rocco Forte's Hotel de Russie“ се здружил Фенди брендот оваа сезона, претставувајќи ја пет метри високата елка во својот двор. Оваа модерна елка е направена од 350 златни и сребрени „Baguette“ торбици, а е осветлена со микро стоб светилки.

elka5

На блискиот Исток исто така се шири празничен амбиент. Уживајте во снимката на декорирање на елката во „Emirate's Palace“ хотелот.

elka6

Fairmont Scottsdale Princess“ хотелот во Аризона ја претстави спектакуларната елка која се простира до висината на четирите ката и која има дури и музички елементи.

elka7

„Four Seasons Hotel Shanghai“ ги одбележува празниците и празничкиот дух на великодушноста, хуманитарната работа и помош. Тие поставиле голема елка во своето фоаје, на кое светкаат многу ѕвездички. На секоја од ѕвездичките е напишано име на детето, па гостите може да ја подарат со насмевка на некое дете, и да го израдуваат во текот на празниците.

elka8

elka9

elka10