(ВИДЕО-ФОТО) ТУКА Е УБИЕН ЗАХАРЧЕНКО: Каде била скрена бомбата која го разнесе омилениот ресторан на лидерот на ДНР
Објавено во: Свет 01 Септември, 2018
Разбиени стакла, искршена врата, парчиња од дрвени даски - така сега изгледа ресторанот „Сепар“ во центарот на Доњецк во кој вчера одекна силна експлозија.
Во тој терористички напад е убиен лидерот на Доњецката Народна Република, Александар Захарченко. Експлозивната направа била поставена покрај самиот влез. Според една од верзиите, била скриена под светилките.
Како што е соопштено, бомбата намерно е поставена во ресторанот во кој Захарченко бил чест гостин.
Од силната експлозија, Захарченко се здобил со смртоносни повреди на главата, а неговиот соработник Александар Тимофејев се здобил со сериозни повреди.
Осомничените за убиството на лидерот на самопрогласената ДНР се уапсени.