06 Мај, 2024
0.0300

(ВИДЕО) Гајсер со денешната снимка за „Рекет“: Доста беше изолирана, Македонија треба да влезе во ЕУ поскоро

Објавено во: Македонија 09 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Авторот кој ги пласира аудио и видео снимките во последните два дена и предизвика потрес во државата, а се однесуваат наводно на случајот „Рекет“, пишува дека неговата цел е да помогне во борбата со корупцијата и независното судство во Македонија.

Ларис Гајсер тврди дека има искрени намери а од друга страна пак го критикува и односот на ЕУ кон Македонија и посочува дека е време земјава да влезе во Унијата.

„Од 2015 година следам и известувам како група од неспособни политичари (десничари и левичари) и непријателски странски сили, како си играат со животот и судбината на Македонските граѓани. Слепилото на политичките елити заедно со злобниот меѓународен притисок ја доведоа Македонија до степен на корупција и опасно ограничен суверенитет.

Сите мои поранешни написи и говори беше во насока за да спречам Македонија да биде понижена, да ја предупредам ЕУ за нејзиниот погрешен пристап и за да ја спречам меѓународната заедница да направи неприфатлив преседан. Преседаните на Балканот ретко носат придобивки на меѓународната заедница“, пишува Гајсер.

Понатаму во статусот додава: 

„Јас не сум богат. Немам големи финансиски фондови за да спроведам експериментални револуции. Како и моите пријатели од „Ла Верита“, мразам глупост и манипулации. Ние верувме во човечката интелигенција и во слободата. И двете секогаш наоѓаат начин да испливаат на површина и да преовладаат. Дури и по подолги периоди на понижување. Мојата надеж, денес, преку моите написи е да ги поттикнам добрите, се уште независни, слободни судии, кои навистина веруваат во владеење на правото, да ги истражат наодите и да направат од Македонија светол пример на стабилна земја.
Одбегнувајќи да бидам инволвиран во меѓународни политички препирки, сакам само да дадам свој придонес во потрагата по вистината за да им помогнам на македонските граѓаните да најдат сила на патот кон успешна држава.
Имајќи ги предвид комплексните геополитички промени, ние Европјаните и должиме стабилност на Македонија, сигурност и историска мудрост. Наместо да биде вештачки изолирана, Македонија треба што поскоро да стане член на нашата несовршена Европска Унија, со што ќе не направи посилни и побогари“, пишува Гајсер.

Целата аудио снимка може да ја видите подолу:


Можеби ќе ве интересира

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран