(ВИДЕО) ГЕНИЈАЛНО: Еве како Кинезите спречуваат луѓето да поминуваат на црвено
Објавено во: Свет 24 Април, 2018
Во градот Даје во кинеската провинција Хубеј, властите смислија нов начин како да ги натераат пешаците да не минуваат улици на црвено светло, односно ако не почекаат да се појави зеленото светло на семафорот, тие ќе бидат испрскани со вода.
Столбовите се опремени со неколку методи, кои се со цел да ги одвикнат пешаците да ги поминуваат улиците на црвено светло. Оние кои нема да се огласат на предупредувањата, ќе бидат испрскани со вода.
Полициските функционери го одобрија инсталирањето на пет жолти столбови на секој пешачки премин, на една од најфреквентните крстосници.