Видео: Ѓоковиќ за малку нападнат од гледач во Лондон
Објавено во: Свет 20 Ноември, 2016
На тениските терени одамна немало голем инцидент и за тоа се погрижи обезбедувањето на О2 Арената во Лондон на полуфиналниот натпревар на мастерс турнирот меѓу Новаќ Ѓоковиќ и Кеи Нишикори бидејќи еден од гледачите се обиде да влета на теренот и можеби да нападне некој од тенисерите. Гледачот кој сакаше да направи инцидент е привиден и се истражуваат неговите мотиви. Инаку мечот го доби Ноле кој во финалето ќе се соочи со Енди Мари.