(ВИДЕО) Груевски не сакаше да одговара на прашањата на унгарските новинари
Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2019
Eкс премиерот Никола Груевски кој е осуден на затворска казна од две години излезе од Судот во Будимпешта на страничниот излез и одби да одговорара на прашањата на новинарите.
„Денеска не одговорам на прашања, во друга прилика“, кажа Груевски.
Новинарите го прашуваа за одлуката на Судот, дали ќе се врати во Македонија, дали се плаши од нешто што молчи, дали побарал унгарско државјанство и дали користи унгарски јавни пари за да се финансира, но Груевски молчеше на сите овие прашања.
Груевски утринава беше приведен и со придружба од полиција, со лисици на рацете влезе во Судот.
Видеото можете да го погледнете овде.