(ВИДЕО) Хаос во Грција насред сезона: Евакуирани туристи поради поплавите
Објавено во: Балкан 27 Јуни, 2018
Нестабилното време му донесе врнежи на цел Балкан, а најмногу проблеми има Грција, каде многу плажи и улици се под вода, а бурата носела и автомобили.
Социјалните мрежи се преплавени со снимки и фотографии од катастрофата која ја погоди оваа земја во ек на туристичката сезона.
На Халкидики има најмногу проблеми во Ситонија, каде се поплавени куќи и други објекти.
Во Никити на Ситонија се поплавени патиштата што направило проблеми во сообраќајот, а водата однесе и возила, јави агенцијата АНА.
Автомобилите претрпеле материјална штета. Во делот на Ситонија кај Неос Мармарас немало последици и освен вчерашните силни дождови, се останато функционира вообичаено.
Местото Ормос Панагиас по обилните врнежи претрпело материјална штета и неколку продавници се поплавени.
Гости од еден хотел синоќа се евакуирани во друг сместувачки капацитет и сите се добро, пренесуваа медиуми од регионот.Видео: Фејсбук/грчка инфо