(ВИДЕО) Илир Мета се фати на македонско оро во Пустец
Објавено во: Балкан 08 Јануари, 2018
Албанскиот претседател Илир Мета, на 5 јануари престојуваше меѓу Македонците во општина Пустец.
Тој порача дека македонското малцинство е богатство за Албанија.
Мета вели дека поради потешкотиите со кои се соочуваат жителите на оваа
општина, посебно невработеноста на младите, треба заедничка ангажираност бидејќи општината е една од
оние која располага со најмногу природни богатсва и убавини.
Мета ја посети црквата „Свети Архангел и Михаил" каде запали свеќи за здравје,од каде го честиташе
денешниот празник Св.Наум, како и божиќните празници, по што во дворот изигра и македонско оро
заедно со жителите на Пустец кои му приредија срдечен пречек.