18 Мај, 2024
0.0405

(ВИДЕО) Истрага на корупцијата во македонското судство - реалност или фикција?

Објавено во: Македонија 26 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Зошто во сите истражувања на јавното мислење судството кај нас има најнизок рејтинг во општеството, а судската, според анкетите, е на врвот на најкорумпираните професии? Зошто луѓето не им веуваат на судиите? Зошто некои судството го сметаат за „џубокс“ на власта? Дали сето тоа е тоа само перцепција и генерализирање поради дел непрофесионални и корумпирани судии или навистина целото судство ја заслужува недовербата на граѓаните? Не придонесуваат ли судиите со молкот за тие појави за таквиот лош имиџ и како на сето тоа да му се стави крај?

На оваа тема се расправаше викендов во емисија „Стадион“ на „Канал 77“, заедно со „Парадокс“. Гости беа новинарот Саше Димовски, долгогодишен хроничар на се’ она што се случува во македонското правосудство, кој за емисијата подготви и истражувачка сторија на оваа тема, потоа судијката Добрила Кацарска и адвокатите Драган Малиновски и Димитар Савовски.

- Некој се дрзнал да продаде пресуда за 5.000 денари. Тоа зборува многу за менталитетот на нашиот народ, меѓутоа тоа зборува и за целата судска фела што е најтрагично. Ниту еден од фелата не се одважи и јавно не ги осуди таквите, вели Димовски во дел од својот коментар во кој меѓудругото повикува Државната комисија за спречување на корупцијата да не го проверува само имотот на претседателите на судовите туку на сите судии за кои има пресуди и наоди.

Стојан Михов, пензиониран судија од Основен суд Штип, во емисијата кажа дека претседателот на Судскиот совет не смее да поставува судии-поротници за чувствителни предмити кога мандатот им е пред истекување. Генерално, смета дека поротниците се чесни и дека во 20.000 судски случаи на годишно ниви, има два-три предмети во кои поротниците може затаат.

Нивните мислења беа слушнати по сторијата дека во период од 12 последни години, 2008-2020 година, во Македонија биле разрешени 43 судии, но само малкумина од нив завршиле на обвинителна клупа, каде што биле обвинети и за корупција. 


Во принцип, Судскиот совет ги разрешувал судиите поради нестручно и несовесно работење, но ретко кога навлегувал поддлабоко и утврдувал дали за чувањето на предмети во фиока, за ненапишани пресуди или намерно одолговлекување на предметите се крие и корупција или само нестручност и несовесност.

Мал е бројот на судии на кои им се судело за примање поткуп, едно од кривичните дела директно поврзани со корупцијата. Дали меѓу судиите кои ја изгубиле функцијата имало корумпирани или сите биле само нестручни?

Ваквиот епилог следува особено откако охридски судија е осуден затоа што примил поткуп од претставник на локално претпријатие за транспортни услуги, но нема да заврши во затвор, бидејќи неговата казна е условена. За цело време додека се водела постапката против судијата кој работел во охридскиот суд, тој не бил суспендиран и продолжил да ја врши својата судиска функција, речеиси цела година  и по правосилноста на прессудат против која се жалел пред битолскиот ашелационен суд.

Судијата Ристе Силјаноски, според пресудата на Основниот суд во Струга, потврдена со пресуда на Апелациониот суд во Битола, нема да заврши една година во затвор на колку што е осуден, доколку во наредните две години не направи ново кривично дело, заклучиле Основниот и Апелациониот суд.


Можеби ќе ве интересира

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување