(ВИДЕО) Изгоре најголемата фабрика за преработка на месо
Објавено во: Балкан 30 Април, 2018
Во голем пожар до темел изгоре најголемата фабрика во Црна Гора за преработка на месо. Во пожарот нема повредени.
Дел од
пожарот веднаш е локализиран, а дел подоцна продолжиле да го гасат. Пламените јазици се издигале на
десетини метри, а чадот се гледал од голема далечина.
Причината за пожарот не е позната. Во гаснењето на пожарот учествувале 11 возила од
Бијело Поље, а на помош пристигнале и возила од околните градови.
Во фабриката се вработени 600 лица, а со нејзиното уништување е зададен силен удар на
економијата во овој дел од државата.
Се очекува помош од Владата.