Видео: Ја пречекори брзината, а полицаецот му ја „врза“ една
Објавено во: Свет 22 Декември, 2016
Вообичаено снимките од полициски возила во САД завршуваат трагично, најчесто со смртоносна престрелка, но не и овој пат. Студентот Тревор Кини бил сопрен поради пречекорување на брзината, но подоцна им објасни на полицајците дека има многу важна презентација и дека доцни. Полицаецот Мартин Волчук реши да му прогледа низ прсти и му помогна да ја врзе краватата.