18 Мај, 2024
0.0277

(ВИДЕО) Јапонско чудо кое го воодушеви светот: Еве како ќе изгледа еден подводен свет!

Објавено во: Стил 15 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Јапонците повторно го шокираат светот! Сега објавиле како ќе изградат прв подводен град на светот.  Јапонската градежна фирма „Shimizu Corporation“ е задолжена за градење на неверојатен град вреден 25 милијарди долари. Градот во кој ќе може да живеат 5000 жители би требало да биде изграден до 2035 година.

Јапонскиот подводен град би требало да биде составен од три дела и ќе биде во спирален облик. Архитектите замислиле храната која ќе се одгледува да биде во првиот дел кој би се наоѓал во близина на површината на морето. Во вториот дел би се наоѓале стамбени простори. Се планира во градот да живеат околу пет илјади луѓе.

Фабрика за производство на метан од јаглерод диоксид и истражувачки центар треба да бидат изградени во третиот дел, кој ќе биде лоциран на три илјади метри длабочина.