(ВИДЕО) КАПА ДОЛУ за данскиот премиер: Нема колони „мерцедеси“ за дочек на странски функционери
Објавено во: Свет 01 Септември, 2018
Без долга колона луксузни автомобили францускиот претседател Емануел Макрон беше пречекан во Данска.
„Мерцедесите“ премиерот на Данска Ларс Расмусен ги замени одамна со велосипеди, па така со гостинот се провози низ Копенхаген ни помалку, ни повеќе туку со точак.
Расмусен е познат страстен навивач на натпреварите со велосипед.
Ние им симнуваме капа, а на македонските политичари им порачуваме да го следат овој пример.