(ВИДЕО) МАСАКАР ВО ЛОС АНЏЕЛЕС: Напаѓач со нож бодел луѓе
Објавено во: Свет 08 Април, 2017
Полицијата во Лос Анџелес добила дојава дека имало напад со нож во Скир Роу областа во Калифорнија.
Специјалци стигнале на местото на настанот, пукале и го уапсиле осомничениот во улицата Сан Педро.
Три лица се најдени со убодни рани.
Едно лице завршило во болница, но сепак е во стабилна состојба.
За другите две лица нема информации каква им е состојбата.
Мотивот за нападот не е познат.