(ВИДЕО) Масовна тепачка среде говор на Ердоган, маж го нарече терорист
Објавено во: Балкан 22 Септември, 2017
Масовна тепачка изби за време на говорот на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во хотел во Њујорк.
До тепачката дошло кога еден од присутните извикал: „Ти си терорист. Губи се од мојата земја“.
Најверојатно, мажот бил Американец. Во тепачката нема потешко повредени лица.
Демонстрантите подоцна објавија фотографии од судирите на социјалните мрежи, и велат дека нивната цел била да ги осудат политиките на Ердоган во Турција, Сирија и во Ирак.При претходната посета на САД, личното обезбедување на Ердоган ги нападна мирните демонстранти пред резиденцијата на турскиот амбасадор во Вашингтон.