15 Мај, 2024
0.0262

(ВИДЕО) „Microsoft“ започна со дистрибуцијата на „Windows 10“

Објавено во: Стил 29 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

На полноќ „Microsoft“ ја започна дистрибуцијата на најновата верзија на оперативниот систем „Windows“ кон нејзините милиони корисници во целиот свет.

„Windows 10“ се појави 3 години по „Windows 8“ и ќе биде достапен како бесплатна надградба (во наредната година) во 190 земји за користење правни копии на „Windows 7“ и „Windows 8 / 8.1“. Платформата е оптимизирана за работа со секакви типови уреди - лаптопи, компјутери, таблети и дури телефони, иако за мобилната верзија ќе мора да се почека до есен.

Компанијата ветува дека оваа нема да биде последната верзија на „Windows“, бидејќи има намера да ја обновува платформата постојано со редовни надградби и подобрувања во следните месеци и години. Покрај „Windows Update“ за инсталирање на новата верзија можете да ја користите и оваа алатка. За финализирање на „Windows 10“ помогнале и повратни информации од 5 милиони корисници на прелиминарните тест изданија. Ако учествувате во програмата „Windows Insider“ и имате „build 10240“, значи ја немате верзијата која од денеска се шири кон сите.

Платформата е дизајнирана за компатибилност со хардверот, софтверот и периферните уреди на корисниците, па би требало да се задржи сето она што веќе го користите. Менито што веќе е опремено со дополнителна функционалност за брз пристап до најчесто користените нагодувања и апликации. Кон него се додадени и познатите „Live Tiles“ - брзи линкови до различни апликации со динамички ажурирани информации. Има и опција за промена на големината на менито, а кај користење на таблет тоа може да го заземе целиот екран за поудобна употреба преку екран на допир, благодарение на функцијата „Continuum“.

Меѓу новите функции е и центарот за известувања во десната страна на екранот, кој е комбиниран и со копчиња за брз пристап до различни функции на уредот. Компанијата го додала и виртуелниот асистент „Cortana“ кој може да се управува преку гласовни команди, но како може да претпоставиме не поддржува Македонски.

Веќе има можност за додавање на виртуелни работни површини - функција која ја познаваме од „Linux“ и „OS X“.

„Internet Explorer“ е заменет со новиот прелистувач „Edge“, кој обезбедува значително подобро корисничко искуство, а освен тоа дебитира за новата функција „Windows Hello“ за упис преку биометриски податоци, но тоа бара уреди со посебни сензори.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/vOZq-Hty9MQ[/embed]