Видео: Минхен со ѕид го оградува новиот центар за бегалци за заштита на жителите
Објавено во: Свет 19 Ноември, 2016
Во Минхен се гради голем ѕид околу новиот прифатен центар за бегалци во кој се планира првично да бидат сместени околу 160 тинејџери кои немаат придружба на родител или старател.
Според замислата со ѕидот треба да се заштитат самите бегалци, но и околните жители, за да нема никаква интеракција меѓу нив и поводи за провокации или насилство.
Ѕидот со кој локалните жители ќе се оградат од бегалците ќе биде висок четири метри, а ќе биде направен од камен во должина од 100 метри. Ѕидот е 40 центиметри повисок од Берлинскиот ѕид кој беше срушен во 1989 година.