30 Април, 2024
0.0251

(ВИДЕО) Мислеа дека неговата идеја е луда, а сега е херој на нацијата!

Објавено во: Стил 16 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Земјоделците во Ладак, планинско подрачје на самиот север на Индија, со години се потпираа на водата која настанала како топење на глечерите за наводнување на своите садници. Тогаш се замешале климатските промени, поради кои глечерите на Хималаите се топат побрзо отколку било каде на друго место во светот, така што до пролетта повеќе нема да имаат вода.

Брилијантното решение го смислил Чеванг Норфел, кој одлучил сам да направи глечери, што многумина го дочекале со скепса.

Методот на Норфел се состои од овие чекори: прво треба да се насочи водата настаната со топење на глечерите на страната на планината која е под карпа, каде е ископан мал резервоар. Тесните железни чевки се поставени нормално на работ на резервоарот. Додека постепено замрзнатата вода протекува во цевките, на другата страна излегуваат замрзнати блокови и се создаваат уметнички глечери. Тие остануваат замрзнати до пролетта кога почнуваат да се топат и настанува вода со која земјоделците ќе може да го наводнуваат теренот.

Приказната за „ледениот човек“ , кој денес се смета за национален херој, може да ја погледнете тука: